Osnovi Na Menadzment - Skripta



There is document - Osnovi Na Menadzment - Skripta available here for reading and downloading. Use the download button below or simple online reader.
The file extension - PDF and ranks to the School Work category.


274

views

on

Extension: PDF

Category:

School Work

Pages: 135

Download: 57



Sharing files


Tags
Related

Comments
Log in to leave a message!

Description
Download Osnovi Na Menadzment - Skripta
Transcripts
  С У Ш Т И Н А  ,  С О Д Р Ж И Н А И П Р Е М Е Т Н А М Е Н А Џ М Е Н Т О Т 1   1  СУШТИНА ,  СОДРЖИНА И ПРЕДМЕТ НА МЕНАЏМЕНТОТ 11  ШТО Е МЕНАЏМЕНТОТ И ШТО ОЗНАЧУВА ?   Одговорот на ова прашање е многу комплексен и повеќедимензионален  Дефиницијата на менаџментот не може да се искаже во една реченица и покрај залагањето на многу универзитетски професори за постигнување на консензус  При дефинирањето ,  за да го опфатиме менаџментот од сите негови аспекти ,  треба да ги разгледаме следните стојалишта :   1   Менаџментот е процес или серија на чекори во правец на остварување на поставената цел   2   Менаџментот претставува организациски пофат за поставување на обврски и односи во претпријатијата   3   Менаџментот означува пренесување на одговорноста за корисно планирање и регулирање на операциите во едно претпријатие 4   Менаџментот претставува начин за определување на долгорочната прилагодливост на претпријатието на окружувањето ( стратегиски менаџмент )   5   Менаџментот е дисциплина која ги систематизира правилата ,  принципите и теорите за постигнување на целите 6   Менаџментот е интердисциплинарна системска наука која означува примена на теории ,  средства и методи од многу дисциплини   7   Менаџментот се дефинира и како процес на извршување на посебни функции како што се :  планирање ,  организирање ,  мотивирање ,  координирање и контролирање   8   Менаџментот се дефинира и како ефикасно искористување на ресурси   9   Менаџментот е континуиран процес на донесување на одлуки ,  извршување и ревизија 10   Менаџментот е практична примена на знаењата што ги имаат менаџерите   11   Менаџментот е систематизирано знаење за ефикасно управување на претпријатието во насока на остварување на дефинираните цели  Терминот менаџмент има повеќе значења т е  неговата содржина се опфаќа со тоа што :   1   Има широко подрачје на активности 2   Ги содржи нивоата на авторитет ( врвен ,  среден и менаџмент на пониско ниво )   3   Има повеќе функции ( планирање ,  организирање ,  мотивирање ,  координирање и контролирање )   4   Ги опфаќа вработените ,  финансиите ,  материјалите ,  опфаќа купување и продавање ,  методи и постапки    С У Ш Т И Н А  ,  С О Д Р Ж И Н А И П Р Е М Е Т Н А М Е Н А Џ М Е Н Т О Т 2   Општа дефиниција за менаџментот :  Менаџментот се дефинира како универзален процес на ефективно и ефикасно извршување на работата со помош на други луѓе и ангажирање на ресурсите во остварување на однапред дефинираните цели на претпријатието  Разликуваме четири елементи или делови на дефиницијата на менаџментот :   -   Процес ( процесот упатува на функциите :  планирање ,  организирање и контролирање )   -   Ресурси ( луѓе ,  суровини ,  машини ,  методи ,  пари ,  пазари и информации )   -   Хиерархија ( ефективно и ефикасно извршување на работата на сите три нивоа на менаџмент  –  врвен ,  среден и менаџмент на пониско ниво )   -   Цели ( постигнување на резултати )   12  ПРЕДМЕТ НА МЕНАЏМЕНТОТ Кој е предметот на менаџментот ?  Предмет на менаџментот се целите ,  ресурсите и нивното соодветно комбинирање и постигнување на резултати односно :   1   Управување со работата и организацијата ;   2   Управување со луѓето и 3   Управување со производството и операциите  Без разлика на дејноста на организацијата ,  менаџерите се соочуваат со овие три задачи   13  СИСТЕМСКИ ПРИСТАП  –  СИСТЕМСКИ МЕНАЏМЕНТ Организациите се разликуваат по нивната цел на постоење и по технологијата  Школите ,  болниците ,  банките ,  телефонските компании ,  разните граѓански здруженија се само примери на организации со различни цели и потреби  Сите овие ,  без исклучок имаат еден заеднички елемент :  менаџерите  Истите овие менаџери не функционираат изолирано и во изолирана средина  Напротив ,  тие ги користат надворешните фактори ,  ги комбинираат и правилно комбинирани тие заедно даваат за резултат готов производ или услуга  Менаџерите се тие кои ги координираат активностите на целата организација  Тоа би значело дека тие ја разбираат организацијата како еден елемент или дел од поголем систем што се состои од луѓе ,  организации и институции ,  а од кои зависи крајната вредност  –  готовиот производ или услуга (output)  Системската теорија не само што смета дека организациите се дел од некој систем ,  туку и тие самите се систем  Неколкуте разделени ,  но интегрирани и меѓузависни делови на организацијата го прават внатрешното окружување кое менаџерите мораат да го координираат  Основниот концепт на системската теорија може да им помогне на менаџерите да ги поедностават и да се справат со интеракциите на внатрешното и надворешното окружување  Организацијата е само еден елемент во големиот број елементи кои се меѓусебно зависни  Организацијата ги апсорбира ресурсите (input)  од поголемиот систем ( надворешното  С У Ш Т И Н А  ,  С О Д Р Ж И Н А И П Р Е М Е Т Н А М Е Н А Џ М Е Н Т О Т 3   окружување ),  ги обработува овие ресурси во внатрешното окружување и ги враќа надвор од себе во променета форма (output)  Во продолжение на сликата се прикажани основните елементи на организацијата како систем  Било која фирма има два најголеми инпути :  човечки и нечовечки ресурси  Човечките ресурси се однесуваат на луѓето кои се вработени и работат во фирмата  Тие ја вложуваат својата енергија и време во организацијата во замена за плата или награда  Во нечовечки ресурси спаѓаат суровините ,  парите ,  пазарот ,  машините методите и информациите  Сите овие заедно употребени во комбинација со човечките ресурси произведуваат други ресурси или готов производ или услуга  Самиот процес или трансформација на надворешните ресурси го сочинуваат функциите на менаџментот :  планирање ,  организирање ,  координирање ,  мотивирање и контролирање  На пример ,  во една топилница се ангажираат луѓе ,  алати и разна машинерија за да може железната руда да се претвори во челик и челични производи  Џенерал моторс ( како влезни големини  –   input)  користи челик ,  гума ,  пластика ,  ткаенини и сите овие работи во комбинација со вработените ,  алатите и опремата прават еден автомобил ( излезна големина  –   output)  Симплифицирано ,  системот може да се прикаже како во продолжение :  Генерално ,  постојат два вида на фактори за да се исполни условот за трансформација :   1   Фактори кои влијаат на надворешното окружување и 2   Фактори кои влијаат на внатрешното окружување Врз надворешното окружување големо влијание имаат многу директни и индиректни фактори  Директни фактори кои влијаат на надворешното окружување се :   1   Потрошувачите 2   Конкуренцијата 3   Добавувачите и 4   Работната сила Индиректни фактори кои влијаат на надворешното окружување се :   1   Технолошки фактори Надворешно   окружување   Внатрешно   окружување   Човечки   и   други   ресурси  Input Процес  ( трансформација ) Output Производи   Услуги   Идеи  Input Процес  ( трансформација ) Output